Судскиот совет на Косово: Курти да не се меша во работата на судот
Судскиот совет на Косово (ССК) денеска изрази загриженост поради барањето на косовскиот премиер Албин Курти да му се соопшти името на судијата што донесе законска одлука за промена на мерката против обвинетиот Дејан Пантиќ, јави Бета.
Препорачано
ССК во соопштението наведува дека судиите се и треба да бидат независни во извршувањето на уставните и законските должности, а тенденциите за мешање се неприфатливи и најостро се осудуваат.
„Јавно го известуваме премиерот Курти дека врз основа на Уставот и законот, надлежното службено лице кое ја донело оваа одлука се вика судија на Република Косово, одлуки кои мора да се почитуваат без коментар, без исклучок, вклучувајќи ја и Владата“, се наведува во соопштението.
Косовскиот премиер, Албин Курти изрази негодување поради денешната одлука на надлежен суд во Приштина да му ја смени мерката притвор со мерка домашен притвор на поранешниот припадник на косовската полиција, Дејан Пантиќ.
Во обраќање пред новинарите, Курти попладнево изјави дека би сакал да знае „кој е тој судија” кој го пушти од притвор Пантиќ, кој се сомничи за терористички дејствија.
ВИДЕО | Недељковиќ пуштен на слобода: Бев во затвор само затоа што сум Србин


