Судскиот совет ги оспори пред Уставен суд законските измени со кои се стопираше растот на платите на судиите
Судскиот совет ги оспори пред Уставен суд законските измени со кои се стопираше растот на платите на судиите.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
„Поаѓајќи од својата уставна положба и законски надлежности, Судскиот совет на Република Северна Македонија како самостоен и независен орган на судството и како орган кој е должен да ја обезбедува и ја гарантира самостојноста и независноста на судската власт поднесе иницијатива за оценување на уставноста и законитоста до Уставниот суд на Република Северна Македонија со која се оспоруваат одредбите од Законот за изменување на Законот за платите на судиите и Законот за изменување на Законот за платите на членовите на Судскиот совет на Република Северна Македонија“, соопшти Судскиот совет.
Судскиот совет, се додава во сооптението, и во наредниот период останува на заложбата за незавизна и самостојна судска власт и секогаш кога во ситуација ќе бидат нарушени овие постулати, ќе превзема дејствија за заштита на истите.
Минатата недела Собранието со измени на шест закони го сопре покачувањето на платите на сите избрани и именувани функционери.


