Судот во Котор: Одморалиштето во Рафаиловиќи не му припаѓа на Косово

јадранско море
Фото: Архива

Основниот суд во Котор ја отфрли тужбата на Косово, која беше застапувана од локалното Министерство за правда, кое бараше да се признае правото на сопственост на поранешното детско одморалиште во Рафаиловиќи. Тужбата за оваа правна работа е отфрлена“, се вели во одлуката на судот до која „Вијести“ имал увид, пренесува Коссев.

Косово ја тужеше компанијата „Санраф бич пропертис“, како и општина Будва и државата Црна Гора, тврдејќи дека е сопственик на атрактивна локација од 4.500 квадратни метри земјиште на шеталиштето во Рафаиловиќи, каде што се наоѓа одморалиштето, кое во меѓувреме е урнато. На тоа место е изграден хотелско-станбен комплекс.

„Од извештајот на тужбата, произлегува дека Република Косово поднела тужба за утврдување сопственички права на земјиштето на кое е изградено одморалиштето „Ганимете Тербеши“ во 1967 година, а кое општина Будва и Црна Гора го доделила на друг правен субјект“, се вели во тужбата.

Фирмата „СБП“ во својот одговор на тужбата истакна дека тужбата е неоснована бидејќи недвижноста ја стекнала врз основа на купопродажен договор заверен кај нотар од продавачот „Нивел инвест“ ДОО Будва во стечај, важноста на за која гарантирала државата Црна Гора, односно Стопанскиот суд кој водел стечајна постапка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот