Масовни протести во Турција по апсењето на Имамоглу/Фото: EPA-EFE/TOLGA BOZOGLU

Судот ослободи 87 учесници на протестите во Истанбул против апсењето на Имамоглу

Турскиот суд ослободи 87 лица обвинети за учество во протестите во Истанбул, кои избувнаа по истрагите против градоначалникот Екрем Имамоглу и општински функционери, јавуваат турските медиуми.

Судот оцени дека „нема цврста основа дека обвинетите го сториле наводното кривично дело“.

И покрај ослободувањето на демонстрантите, Имамоглу останува во притвор поради обвиненија за корупција, со можна затворска казна од над 2.300 години. Апсењето предизвика масовни протести, при што илјадници граѓани излегоа на улиците, а стотици беа приведени.

Во одделен случај, ослободени се и 12 лица, меѓу кои осум новинари и четири адвокати, обвинети за прекршување на прописите за јавни собири.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот