Судот одлучи: Жртвите на Вајнстин ќе добијат 17 милиони долари отштета

Фото: EPA-EFE/JUSTIN LANE

Американскиот стечаен судија донесе одлука компанијата на филмскиот могул Харви Вајнстин да им исплати 17 милиони долари отштета на жените, жртви на неговото сексуално насилство.

Вајнстин минатата година беше осуден на 23 години затвор поради силување и сексуални напади на три жени откако во јавноста во 2017 година се појавија низа обвинувања, во кои жртвите започнаа да ги откриваат своите трауматични искуства со овој режисер.

Исплатата на неговите жртви ќе следи по продажбата на имотот на неговата фирма „Weinstein Co”, која во 2018 година отиде под стечај по прогласениот банкрот поради сексуалните обвинувања, а судијата ги отфрли сите жалби на оваа одлука.

Фото: EPA-EFE/JASON SZENES

„Weinstein Co” ја основале контроверзниот Харви Вајнстин и неговиот брат Боб во 2005 година, и станува збор за посебно филмско студио во кое се снимени филмовите „The King’s Speech” и „The Artist”.

Американскиот судија изјави дека 83 проценти од жртвите на сексуално насилство се согласиле на исплата на отштета по продажбата на имотот на компанијата на Вајнстин со цел да не поминуваат низ натамошни судски процеси, а која би требала да им го обезбеди минималното закрепнување од она што го преживеале.

Исплатата од 17 милиони долари ќе биде поделена меѓу повеќе од 50 жртви, така што секоја одделно би требала да добие околу 340.000 долари.

Исто така на многу жртви им е оставена опцијата да изберат за понатамошно судење, со цел нивните желби да ги побараат во повеќе понатамошни судења.

Фото: EPA-EFE/JUSTIN LANE

Вредноста на имотот на компанијата на Вајнстин е проценета на околу 35 милиони долари, од кои освен за наведената отштета, се издвоени 9,5 милиони долари за вработените внатре за да ги подмират своите долгови кои ги создале по стечајот.

Сите вработени, меѓу кои и братот Боб, се ослободени од секаква одговорност поврзана со однесувањето на Вајнстин.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот