Судот одлучи: Рачно напишаниот документ пронајден во каучот на Арета Френклин е валиден тестамент

Фото: EPA-EFE/JEFF KOWALSKY

Документот, рачно напишан од пејачката Арета Френклин, пронајден во нејзиниот кауч по нејзината смрт во 2018 година, е валиден тестамент според законот на сојузната држава Мичиген, заклучи денеска поротата на крајот од судскиот процес што доведе до раздор меѓу синовите на „кралицата на соулот“.

Адвокатите на Кекалф и Едвард Френклин тврдеа дека документот напишан во 2014 година има предност пред тестаментот од 2010 година, кој беше откриен приближно во исто време во заклучен плакар во домот на Арета Френклин во предградието во Детроит, пренесува „Гардијан“.

Кекалф и Едвард се здружија против нивниот брат Тед Вајт II, кој тврдеше дека важечкиот тестамент од 2010 година, чуван под клуч, е поважен од документите пронајдени во каучот. Поротата заклучи дека верзијата од 2014 година ја потпишала самата Арета Френклин, која додала „смајли“ на буквата А.

Кекалф Френклин (53), синот на Арета Френклин, укажува на зголемените документи за време на судењето на поротата за тестаментите на пејачката/ Фото: Sarahbeth Maney / Zuma Press / Profimedia

Има разлики помеѓу верзиите на тестаментот од 2010 и 2014 година, иако двата документи укажуваат дека четирите сина на Арета треба да ги делат приходите од нејзината музика и авторски права. Според тестаментот од 2014 година, Кекалф и неговите деца би го наследиле главниот дом на неговата мајка во Блумфилд Хилс, кој бил проценет на 1,1 милион долари во моментот на нејзината смрт, но денес вреди многу повеќе.

Кекалф Френклин (53), Кафи Френклин (48), Виктори Френклин (24), Грејс Френклин (17) и Џордан Френклин (28), разговараат со адвокатот Крег Смит пред судењето на поротата за тестаментите на Арета Френклин/ Фото: Sarahbeth Maney / Zuma Press / Profimedia

Четвртиот син Кларенс живее во дом за лица со посебни потреби, под старателство и не учествувал во судењето. Адвокатот на неговиот старател изјавил за „Би-Би-Си“ дека тие „постигнале спогодба што му дава на Кларенс процент од имотот без оглед на исходот од спорот за тестаментот“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот