Превртен автобус на Дурмо-турс кај Ласкарци
Автобусот на Дурмо-турс кај Ласкарци / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Судот и полицијата конечно се раздвижија, со потерница се бара избеганиот директор на „Дурмо турс“

По наредба на Гостиварскиот суд, Министерството за внатрешни работи издаде потерница по Ремзи Мифтари, осуден на 10 години затвор за случајот „Дурмо Турс“ или трагичната несреќа во Ласкарци во која загинаа 16 луѓе, а 38 беа повредени.

„Министерството за внатрешни работи презема мерки за негово пронаоѓање и лишување од слобода“, велат од МВР.

Според информациите, излез на Мифтари не бил регистриран на ниту една од граничните премини, поради што потерницата е внатрешна, а не меѓународна.

Мифтари седум месеци го одложуваше издржувањето на казната под изговор на здравствени проблеми, а неодамна и поради операција на „кила на тестиси“. Тој избега откако Гостиварскиот суд издаде наредба на 18 ноември да биде спроведен во затворот „Идризово“.

На газдата на „Дурмо Турс“, Дурмиш Белули, одењето во затвор му е повторно одложено, сега до 1 декември. Пред неколку месеци, тој исто како и Мифтари се пожали на „кила на тестиси“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот