Судот го одби адвокатот на Ѓаволот
Судот го одби барањето на одбраната на Љупчо Пецов – Ѓаволот осомничен за финансиски криминал, наместо притвор да му биде одредена поблага мерки, додека пак од Министерството за внатрешни работи нема информации дека го лоцирале Ѓаволот иако Обвинителството им достави докази дека бил во Македонија.
Препорачано
– Судија на претходна постапка по добиено мислење од ОЈО го одби предлогот на одбраната на Љ.П. за укинување на мерката притвор и замена за поблага мерка. По добиена жалба, предметот е пратен на надлежно постапување во Апелациониот суд Скопје – велат од Кривичниот суд за „Слободен печат“.
Фехми Стафа, адвокатот на Пецов, осомничен во случајот „Синџир“, барал од Кривичен да му биде заменет притворот и за тоа понудил гаранција во недвижен имот.
Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, каде што стигнал неговиот предлог на мислење, го лоцирало Ѓаволот на видео камери и утврдило дека осомничениот за кој не беше покренато обвинение си се шета слободно, по болници и нотари, додека за него има распишано меѓународна потерница.
„Слободен печат“ објави дека Ѓаволот, познато име во обвинителско-судската евиденција се шета низ Македонија додека Министерството за внатрешни работи официјално го бара во други држави со распишана меѓународна потерница.
Ѓаволот се шета низ Скопје и по болници, а МВР го бара со меѓународна потерница


