Автобус во Њујорк/Фото: EPA-EFE/JUSTIN LANE

Судир на автобуси во Њујорк – 14 повредени

Најмалку 14 лица се полесно повредени во судир меѓу автобуси на автобускиот терминал на Порт Авторити во Њујорк рано утрово полокално време, што доведе до затворање на станицата и прекин на услугите.

Според американските медиуми, три автобуси се судриле еден со друг приближно околу 6:15 часот по локално време.

Причините за инцидентот засега не се јасни.

Иконскиот, но дотраен автобуски терминал во Њујорк ќе биде трансформиран во најсовремен објект до 2031 година, според државен план.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот