Фото: EPA-EFE/ADAM VAUGHAN

Судијата кој го навредуваше Клоп, денес работи како доставувач

Поранешниот УЕФА и ФИФА судија Дејвид Кут, кој важеше за едно од звучните имиња на европската арбитража, денес е далеку од фудбалските терени. По серија скандали кои ја нарушија неговата кариера, Кут сега работи како доставувач на пратки во Велика Британија.

Британските медиуми пренесуваат дека еден брачен пар бил изненаден кога пред нивната врата се појавил токму поранешниот судија кој своевремено делеше правда на Европското првенство и во Премиер лигата. Неговото ново работно место дојде откако минатиот ноември доби отказ по контроверзии кои силно одекнаа во јавноста.

Потсетуваме, Кут беше снимен како го навредува тогашниот менаџер на Ливерпул, Јирген Клоп, а ден по еден натпревар на Европското првенство, каде што беше ангажиран како ВАР-судија се појави и видео на кое се гледа како консумира бел прав. Овие инциденти беа кобни за неговата кариера и доведоа до трајно заминување од фудбалот.

Во изјава за британските медиуми, Кут признава дека новата работа не му е животна определба, туку начин да остане активен:

„Сакам да продолжам понатаму со животот. Се обидувам повторно да најдам чувство на одговорност и смисла. Работата ме држи ангажиран, но ова не е моја долгорочна кариера,“ изјави тој.

Иронијата е уште поголема ако се земе предвид дека човекот кој го препознал Кут и го снимил како доставува пратка, бил навивач на Ливерпул. Не пропуштил да му замери за навредите упатени кон Клоп, дополнително потсетувајќи го на времето кога Кут беше дел од елитата.

Англискиот фудбалски судија Дејвид Кут суспендиран на 16 месеци

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот