фото: EPA-EFE/ADAM VAUGHAN

Англискиот фудбалски судија Дејвид Кут суспендиран на 16 месеци

Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) денеска го суспендираше англискиот судија Дејвид Кут на 16 месеци, до 30 јуни 2026 година, поради кршење на основните правила за пристојно однесување и омаловажување на фудбалот, а особено на УЕФА.

На 42-годишниот англиски судија му е забрането да врши каква било активност под покровителство на УЕФА до 30 јуни 2026 година, објавија британските медиуми. Фудбалската судиска асоцијација на Англија (PGMOL) го отпушти Кут на почетокот на минатиот декември по темелна истрага за неговото однесување.

ПГМОЛ претходно го суспендираше Кут на 11 ноември, откако на интернет се појави видео, кое останува непроверено, на кое се гледа како Кут навредливо зборува за поранешниот тренер на Ливерпул, Јирген Клоп и за самиот клуб.

Истрагата беше покрената два дена подоцна, откако весникот „Сан“ објави фотографии на кои се гледа како Кут шмрка бел прав користејќи банкнота од американски долар за време на Европското првенство во Германија, еден ден откако беше во ВАР просторијата за четвртфиналниот натпревар Шпанија-Германија.

УЕФА на 14 ноември започна истрага за нејзиниот комитет да процени дали Кут ги прекршил дисциплинските правила, а денеска донесе одлука да го суспендира.

Англиската фудбалска асоцијација започна посебна истрага на 27 ноември, по наводите дека Кут разговарал со познаник за давање жолт картон на играч пред натпреварот од Чемпионшип меѓу Лидс и Вест Бромвич Албион во 2019 година. Тој ги негираше обвинувањата и рече дека се „лажни и клеветнички“.

Кут шест години судеше во Премиер лигата, а во 2023 година го судеше финалето на Лига купот помеѓу Манчестер јунајтед и Њукасл.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот