Обвинетиот Денис Асанов (74) / Фото: ТВ М-Нет / Фејсбук / скриншот

Судење за бруталното убиство на штипјанката најдена закопана во двор: Се бара строга казна за Асанов, одбраната тврди — нема докази

74-годишниот Денис Асанов е обвинет дека свирепо ја убил пријателката Борјанка Николова, а нејзиното тело го распарчил и го закопал во дворот

Во Основниот суд во Штип денеска се изнесоа завршните зборови на судењето против 74-годишниот Денис Асанов, за грозоморното убиство на 79-годишната Борјанка Николова. Обвинителството бара најстрога казна за Асанов, додека неговата одбрана инсистира на ослободителна пресуда, тврдејќи дека тој е невин.

„Врз основа на гореизнесеното, во целост ќе се докаже дека обвинетиот извршил грозоморно убиство на жена, при што на еден монструозен и немилосрден начин ја убил оштетената и со остар предмет и ѝ ги отсекол главата и нозете, а трупот со рацете го закопал во дворот на неговата куќа, додека главата и нозете ги фрлил на непознато мест“, рече обвинителката Александра Здравкова-Стојанова.

Обвинетиот Асанов денеска ја негираше вината. Како што рече, тој ги сакал жените и никогаш не кренал рака на нив.

Според бранителката Елизабета Панева, доказите не се доволни и не даваат јасна слика за тоа како е извршено злосторството. Во завршните зборови, таа посочи дека отсуствуваат докази, со што се отвара простор за сомнеж во вината на обвинетиот. Таа побара домашен притвор и ослободителна пресуда за обвинетиот.

Убиството кое ја потресе јавноста беше извршено лани во ноември, а обдукцијата на жртвата утврдила дека Николова имала осум скршени ребра и тешки повреди на градниот кош, најверојатно од силен притисок. Телото беше пронајдено две недели по смртта. Асанов пред истражните органи првично признал вина, но подоцна ја смени изјавата, тврдејќи дека телото го пронашол во куќата.

Изрекувањето на пресудата е закажано за 28 април.

Расчистено свирепо убиство во Штип: Грабнал и убил старица, ја закопал во дворот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот