Студенти протестираат во Белград / Фото принтскрин

Студентски протест во Нови Пазар под мотото „Или тие или ние“

Во Нови Пазар денеска се одржува голем студентски протест под слоганот „Или тие или ние“, како одговор на одлуката што резултираше со губење на студентскиот статус на повеќе од 200 студенти на Државниот универзитет во Нови Пазар, додека околу 30 професори останаа без работа, објави Нова.рс.

Студентите велат дека ова е еден од најкритичните моменти во нивната повеќемесечна борба против, како што велат, неправдата, репресијата и институционалните притисоци.

Се очекуваат собири во текот на целиот ден, пристигнување на студенти од неколку универзитетски центри во Србија, како и централна програма попладне.

Дијана Хрка, мајката на младиот човек кој загина при уривањето на настрешница на железничката станица во Нови Сад, денес за агенцијата ФоНет изјави дека дошла на протестот во Нови Пазар за да ги поддржи студентите на Државниот универзитет.

Студентите објавија на Инстаграм дека собирот ќе се одржи во 11 часот пред зградата на Државниот универзитет во Нови Пазар (ДУНП), а во 11:52 часот ќе се одржи комеморација за загинатите при уривањето на настрешница во Нови Сад минатата година.

Главната програма е планирана за 17 часот, кога студентите во блокада ќе се обратат на публиката.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот