Студентски центар идната сезона ќе игра во АБА Лигата

фото: ABA League/Dragana Stjepanovic

Екипата на МЗТ Скопје беше елиминирана во четвртфиналето од Младост.

Црногорскиот тим Студентски центар идната сезона ќе игра во АБА лигата откако триумфира во плејофот во АБА2. Црногорскиот тим во реванш финалниот натпревар во АБА2 лигата во Подгорица загуби со минимални 71:72 од Спарс од Сараево. Студентски центар до титулата и пласманот во елитното регионално натпреварување дојде благодарение на првиот натпревар во кој оствари уедлив триумф од 99:89.

Во реваншот најдобар беше Амар Гегиќ со 19 поени, додека кај новиот АБА лигаш се истакна Меги со 16 поени. Тимот на Спарс ќе има уште една шанса да се пласира во АБА лигата бидејќи во баражот ќе игра против Сплит.
Македонија оваа сезона имаше два претставници во АБА 2 лигата, Работнички и МЗТ Скопје. Работнички не успеа да влезе во плеј-офот, додека „металците“ во четвртфиналето загубија од Младост Земун.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот