Студентите од шеста година по општа медицина на помош на колегите епидемиолози

Министерот за здравство Венко Филипче и деканката на Медицинскиот Факултет во Скопје, Соња Топузовска денеска се сретнаа со студентите од шеста година по општа медицина при што разговараа за вклучување на студентите, идните лекари во процесот на справување од коронавирусот, соопшти Министерството за здравство.

– Во услови кога се соочуваме со најголемата светска здравствена криза, студентите по медицина, иднината на нашето здравство, активно се вклучуваат во поддршка на своите колеги. Студентите се едногласни дека сакаат и можат да помогнат во периодот кој следува. Нивниот ангажман ќе биде помош на колегите епидемиолози во телефонска комуниција со пациентите, изработка на епидемиолошки анкети и обработка на податоците, истакна министерот Филипче по средбата и додаде дека тие нема да имаат физички контакт со пациенти заболени или суспектни на ковид-19.

Ангажманот на студентите ќе трае шест месеци и ќе биде поделен во три фази. На секои два месеци по 50 нови студенти ќе бидат ангажирани во Центрите за јавно здравје.

– Вклучувањето на студентите по медицина во борбата против ковид-19 е директна помош на здравствените работници и здравствениот систем кои го носат најголемиот товар во оваа криза. Дополнителна придобивка е што студентите освен што ќе стекнат искуство, преку овој ангажман ќе ја реализираат клиничката пракса по јавно здравје која ја извршуваат во шестата година од студиите и истата ќе им биде призната, потенцира Топузовска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот