Фото: Н1

Студенти од Земун собрани во станица поради „транспарент“, „Побунет универзитет“ обвини дека академската заедница трпи притисоци

Студентите во блокада на Земјоделскиот факултет во Белград објавија дека инспектори во „цивилка“ следеле нивните колеги, ги пресретнале, и без налог ги одвеле во полициската станица во Земун, пренесува српскиот медиум Н1.

Сето тоа, како што наведуваат, било поради „транспарент“.

„Приведуваш тројца луѓе поради ‘транспарент’, запленуваш автомобил, боја, спрејови и машина за шиење и на крај сите ги пушташ“, наведоа студентите на социјалната мрежа Икс.

Како што додадоа, „ако ова е борба против криминал, конецот и иглата се следни на потерницата“.

Членовите на академската иницијатива „Побунет универзитет“ (Pobunjeni univerzitet) го осудија приведувањето во Земун, спроведено на начин кој, како што велат, „укажува на сериозно отстапување од законот, професионалните стандарди и основните принципи на заштита на граѓанските права“.

„Особено загрижува образецот на постапување, во кој студентите, учениците и граѓаните без јасна правна основа се запираат, приведуваат и се изложуваат на притисоци под изговор ‘рутинска контрола’. Таквата практика не придонесува за безбедноста на општеството, туку создава несигурност, страв и пред сè недоверба во институциите кои би требало да бидат гарант на правдата, безбедноста и заштитата. Полицијата не смее да биде средство за политички притисок, а институциите не смеат да служат за репресија“, истакнаа во своето соопштение.

Наведуваат дека случајот со приведувањето на студентите од Земјоделскиот факултет при Универзитетот во Белград, како и одземањето лични предмети без јасно и транспарентно образложение, претставува, како што нагласуваат, „сериозен сигнал дека границите на делувањето на полицијата опасно се поместуваат“.

„Побунет универзитет“ исто така изрази длабока загриженост поради тоа што е запален автобус на автопревозникот Миломир Јаќимовиќ.

„Насилството, заканите и заплашувањето врз оние кои покажуваат солидарност со студентите претставуваат директен напад врз основните општествени вредности. Бараме од надлежните органи без одлагање да ги идентификуваат и процесираат сторителите на ова кривично дело. Бараме еднаква примена на законот за сите“, посочија тие.

Потсетуваат дека универзитетот „не е простор на послушност, туку простор на слобода, критичко мислење и општествена одговорност“.

Пред две недели, припадници на Управата за криминалистичка полиција упаднаа во зградата на Ректоратот на Универзитетот во Белград, а студенти и граѓани масовно излегоа на протест. Полицијата тогаш возврати со пендреци.

ВИДЕО | Тензично е пред Ректоратот во Белград: Маскирани полицајци тепаат студенти со пендреци

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот