Струмица го празнува Денот на заштитниците на градот

Струмица денеска и утре го празнува Денот на заштитиниците на градот-Светите петнаесет Тивериополски свештеномаченици.

Одбележувањето почнува попладне со Вечерна богослужба, а утре со Света Божествена литургија во чест на Светите Петнаесет во истоимената манастирска црква.

Утре ќе се одржи и свечена седница на Советот на Општина Струмица, на која за значењето на празникот ќе говори градоначалникот Костадин Костадинов. Покрај тоа, ќе бидат доделени и традиционалните годишни награди и награда за животно дело на истакнати поединци и организации за 2023 година.

Инаку, заради непречено чествување на празникот денеска и утре Општината воведе посебен режим на сообраќајот по улиците кои водат до црквата Свети петнаесет.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот