Адриан Зенделовски/F.C. Struga

Струга се засили младински репрезентативец кој досега играше само во Шведска

Струга преку своите официјални профили на социјалните мрежи денеска го потврди доведувањето на Адриан Зенделовски, младинскиот македонски репрезентативец, за кого ова ќе биде прв настап во Првата македонска фудбалска лига.

Зенделовски ги направи првите фудбалски чекори во Шведска, каде настапуваше во младинските категории на Малме, по што ја продолжи кариерата во Сковде и Олимпик, клуб од кој пристигнува во редовите на стружани.

Станува збор за фудбалеер кој настапува на позицијата дефанзивен играч за врска и во изминатиот период беше стандарден член на репрезентацијата на Македонија до 21 година, со која настапуваше во квалификациите за Европското првенство.

Претходно, Зенделовски беше дел и од националните селекции до 17, 18 и 19 години, што дополнително го потврдува неговиот потенцијал и континуитет во репрезентативните категории.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот