СТРУГА ОСТАНА БЕЗ ВОДА ЗА ПИЕЊЕ, гром го оштетил трансформаторот кај резервоарите

Струга/ Фото: МИА

Струга и околината останаа без вода за пиење, поради оштетување од гром на трансформаторот од кој се снабдуваат со електрична енергија пумпите во селото Шум.

Меѓуопштинското јавно претпријатие „Проаква” апелира на трпеливост кај граѓаните и да преземат мерки да имаат вода за пиење и за основните потреби до санирање на дефектот.

„Нашите екипи заедно со екипите на ЕВН Македонија се на терен и прават максимални напори да го поправат трансформаторот, кој ноќеска беше погоден од гром, за побрзо нормализирање на снабдувањето со вода на градот и околината“, информираат од МЈП „Проаква” Струга.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот