Стриминг платформи во 2020 година: Приходи над 68 милијарди долари, корисници – 1,1 милијарда лица

Користењето на услуги за стриминг преку интернет во 2020 година го надминаа рекордното ниво од 1,1 милијарда лица, што претставува раст од 26 отсто во споредба со претходната година, според информациите на Motion Picture Association.

Пандемијата на ковид-19 донесе бројни предизвици за економиите ширум светот, но филмската, телевизиската и стриминг индустријата „ја држеа публиката поврзана и забавувана, изјави Чарлс Ривкин, претседател и извршен директор на Motion Picture Association во соопштението за јавноста.

Меѓународниот пазар на мобилни стриминг услуги оствари глобален приход од 68,8 милијарди долари или за 23 отсто повеќе во однос на 2019 година. Најголем удел во тоа имаат САД со 30 милијарди долари.

Зголемената побарувачка за услуги за стриминг преку интернет помогна да се неутрализираат финансиските удари што ги претрпеа кино благајните поради пандемијата на коронавирусот, јавија американски медиуми.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот