Стрезовски ќе ги води ракометарите во тандем со Лазаров!

Фото: zrk.rkmetalurg.mk

Најдобрата македонска репрезентација имаше лоши резултати на Светското првенство во Египет, по што следуваше и разделбата со селекторот Данило Брестовац.

Во наредниот период се очекува официјално да биде промовиран новиот стратег кој ќе ја води селекцијата на патот кон ново големо натпреварување, во овој случај Европското првенство 2022 (Унгарија/Словачка) во чии квалификации започнавме со две победи.

Во март се закажани дуелите со Данска, а во април и мај се возвраните мечеви против Финска и Швајцарија.

Како што информира „Екипа“, Гино Стрезовски се очекува да биде новиот селектор на „црвено-жолтите“ заедно во стручниот штаб со Кирил Лазаров, еден од нашите најискусни репрезентативци, како помошник во стручниот штаб.

На крајот од сезоната се најавува дека десниот бек на францускиот клуб Нант ќе ја заврши кариерата, а потоа се фокусира целосно на сениорската репрезентација.

Стрезовски претходно ја водеше и женската сениорска селекција, а моментно е претседател на Здружението на ракометни тренери.

Како што наведува изворот, прашање е само колку ќе трае договорот на Стрезовски со РФМ, по што Лазаров самостојно ќе продолжи да ги води најдобрите ракометари, најверојатно по завршувањето на ЕП 2022, секако доколку обезбедиме пласман на овој настан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот