Насловна корица на албумот „На Балкан, сам“ во издание на „Мртов коњ“

Стремеж за колективно будење носи новиот албум „На Балкан, сам“ на Мартин Џорлев

Деновиве излезе новиот албум (прв од проектот „Животни“) насловен „На Балкан, сам“ на Мартин Џорлев. Албумот е посветен на Македонија, на Балканот и на оние што сакаат да ги сакаат со желба за љубов…

– Првиот албум од „Животни“, насловен „На Балкан, сам“ е роден од и во долгогодишните тензии на Балканот, а особено во нашата држава, како дел од и поддршка за Балканската пролет. Таа пролет претставува еден стремеж за колективно будење од длабокиот сон на закоравениот и закотвен Балкан, за подобар живот и подобра иднина.

Овој албум има за цел да ги обелодени скапаните и отровни услови во кои таа пролет пробува да цути, а со тоа и да сподели љубов, разбирање, гнев и желба за позитивна промена. Да се чита, да се пее, да се свири, да се пишува, да се слика. Да се биде писател, уметник, музичар, поет, филозоф, психолог, социолог, биолог, ботаничар, историчар, билкар, геолог, географ, геодет… Да се истражува. Да се учи и да се сака. Сите заедно – истакнува Мартин Џорлев.

На албумот Џорлев работеше заедно со Раде Биковски и Александар Галевски, а објавен е под етикетата „Мртов коњ“ (Dead Horse). Дизајнот на омотот е на Елена Билбилоска, додека на техничката обработка работеше Марко Печеновиќ. Албумот може да се најде и да се преслуша на Бендкемп и Јутјуб.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 309, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ на 29-30.11.2025)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот