Стравична сцена во Србија: Гром удри фудбалски тренер додека одржувал тренинг со 20-тина деца

фото: Курир.рс

Тренер на подмладокот на Јагодина, Стефан Павловиќ доживеа тешки повреди и се наоѓа во животна опасност откако вечерва околу 19. часот беше погоден од удар на гром на помошниот терен на фудбалскиот клуб.

На тренерот веднаш му е укажана помош, и е пренесен во општата болница во Јагодина каде според зборовите на директорот, докторите се борат за животот на несреќниот тренер.

Во моментот на ударот на гром, тој одржувал тренинг со 20-тина деца од младинските категории и за среќа ниту едно од нив не е повредено.

– По громот, започна хистеријата, децата избегаа кај своите родители, а двајца здравствени работници му укажаа прва помош на тренерот, кој лежеше неподвижен на теренот. Мислам дека успеаја да го вратат тренерот од бесознание, а потоа дојде и брзата помош која го однесе во болница – изјавија родители на децата за спрските медиуми.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот