Страсната афера на Наоми Кемпбел и Мајк Тајсон! (ФОТО)

Рори Холовеј, поранешен менаџер и пријател на Мајк Тајсон, во својата книга откри интересни детали од животот на познатиот боксер, а еден од нив е тоа дека жените секогаш му биле слаба точка и дека зависноста од сексот во некои ситуации му ја уништувала кариерата.

Мајк Тајсон / Фото: EPA/STR

„Знаев дека во рингот никој не може да го запре. Тој единствено можеше да падне поради слабоста према жените. Неговите одлуки никој не можеше да ги менува, а сите имаа врска со сексот и жените“, пишува Холовеј.

Maјк Тајсон / Фото: EPA/DANILO SCHIAVELLA

Тој се навратил на неколку интересни случувања, а во светските медиуми најмногу влијание привлече авантурата на Мајк со еден од најголемите супермодели во историјата, Наоми Кембел.

Наоми Кембел / Фото: WILL OLIVER

Познато е дека тие двајца позирале заедно за „Вог“ и дека поминувале доста време заедно, а дури последните неколку години испливаа детали за нивниот однос.

 

Како што открива Халовеј,  Наоми и Тајсон биле на една забава во Њујорк, кога шампионот се забавувал со прекрасната манекенка.

„Бев тука да го држам Мајк подалеку од невољи и да внимавам на него. Зборуваше со некоја девојка. Не можев да си поверувам на очите. Тоа беше Наоми“, открива Холовеј.

„Мајк ми вели дека оди во тоалетот. Следното нешто што се случува: Наоми тргнува по него, а јас стојам пред врата и ги чувам нивните пијачки“.

Рори открива дека оваа страствена врска била осудена на пропаст, бидејќи Тајсон запознал личност рамна на себе.

„Мајк ќе се забавуваше во клубот и кога ќе излезеше ќе видеше како стои на неговиот автомобил во штикли и ја уништува хаубата“, кажал Рори и додал дека еднаш Наоми дошла во Лас Вегас, каде боксерот се забавувал со неколку девојки во хотелска соба на 29-ти спрат и Наоми „како жена-мачка“ скокнала од едниот балкон на другиот за да го фати на дело.

Колку Мајк Тајсон бил зависен од сексот и жените, најдобро отсликуваат зборовите на Холовеј:

„Мајк беше во затвор поради силување на Дезире Вашингтон. Дојдов да го посетам, а чуварите ми рекоа дека не можам да дојдам до него бидејќи девојките стојат во ред за да го посетата. Во затворот имаше повеќе жени отколку кога беше надвор од него“.

Мајк Тајсон / Фото: EPA PHOTO NORDFOTO/JENS NOERGAARD LARSEN/PS/w

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот