Страшната судбина на Весна Пеќанац: Синот со години ја малтретирал, преживеала голема трагедија, спас нашла во прифатилиште

Фото: Принтскрин/Јутјуб/Фејсбук

Некогашната актерска ѕвезда по смртта на сопругот, режисерот Живко Николиќ, преживеала вистински пекол, од кој се спасила криејќи се во прифатилиште.

Српската актерка Весна Пеќанац имаше забележителни улоги како на филм и телевизија, така и во театар. Таа беше мажена за познатиот режисер Живко Николиќ, со кого имаат два сина, а некои од своите најпознати улоги таа ги оствари токму во неговите филмовите „Убавината на порокот“ и „Чудо невидено“. Публиката најмногу ја памети по улогата на Јека од серијата „Ѓекна не е умрена, а кога ќе умре, не знаеме“. Голем дел од својот живот таа го помина и во „Ателје 212“.

Фото: Принтскрин/Јутјуб

Длабока тага и депресија

Весна ја обожаваше својата професија и секогаш велеше дека никогаш не сака да се пензионира, но семејните трагедии направија да се тргне од сцената. За кратко време ги загуби сопругот и родителите и не можеше да поднесе да гледа како луѓето околу неа се среќни.

Актерката никогаш не криеше дека во нејзиниот живот се вселила голема тага и таа паднала во длабока депресија.

– Во текот на бомбардирањето Живко се пропадна. Почувствував голема, преголема болка. Едниот син замина да се замонаши. Ми рече: „Мене сите бедеми ми се срушени“. Останав да зјапам во ѕид, паднав во депресија. Некогаш бевме големо, среќно и сложно семејство. Не можев да играм, побарав пензија. Работата на комичарот е да им дарува радост на луѓето, а јас немав повеќе радост – изјави во една пригода Весна и откри како живееле.

Фото: Принтскрин/Јутјуб

– Пензијата беше седум илјади динари. Бевме гладни. Мислев дека поради тоа изгубив голем дел од меморијата. Една хумана шефица во самопослугата во близина на домот, со години ни даваше храна на кредит, ги сакаше филмовите на Живко. Уште беше жив. Се сеќавам дека еднаш добив некои пари и можев да избирам дали да одам на пазар или нејзе да ѝ вратам дел од долгот. Сепак заминав на пазар. Од торбите ми „ѕиркаше“ младиот кромид и вртев низ цел кварт за да не ме види. Му раскажав на Живко, а тој ми рече: „Одиграјго тоа на сцена. И тоа е живот.“

Семејно насилство

По смртта на сопругот, животот ѝ се претворил во нов пекол. Имено, во јавноста во 2006 година протече информација дека синот ја малтретира. И покрај тешките животни околности што ѝ се случија, Весна секогаш храбро и со насмевка се присетуваше на деталите од минатото, како од професионалниот така и од приватниот живот.

Фото: Принтскрин/Јутјуб

– По смртта на сопругот, плодниот црногорски режисер Живко Николиќ, Весна живее страшен живот и постојано води битка со синот, кој неколкупати вербално дури и физички ја малтретираше – откри еден нејзин сосед за српските медиуми.

Актерката тогаш побегнала од семејниот дом во прифатилиште за жртви на семејно насилство за да се спаси од малтретирањето на синот.

Фото: Фејсбук

– Сиротата жена немаше излез и побегна од домот. Засолниште и дом најде во една невладина организација, која ја спаси од насилството прифаќајќи ја под својот покрив. Животниот пат на Весна стана многу тежок по смртта на Живко. Во осумдесеттите години таа замина во Америка со синовите и со сопругот. Кога стигнале во Холивуд, виделе дека тука за нив нема место и еден ден се спакувале и се вратиле назад во Југославија. Заминаа во Црна Гора, каде што Живко почина во 2001 година. По неговата смрт, актерката се врати во Белград со синовите за да се школуваат. Тогаш почнаа нејзините маки, кои ете се завршија во прифатилиште за жртви на семејно насилство – раскажал пријател близок насемејството.

За наводната злоупотреба од синот, Весна никогаш јавно не прозборе.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот