„Невестинско поклонение“ / Фото: Wikartis / Wikimedia Commons / CC BY-SA 3.0

Стотици тазе снаи и нивните свекрви викендов ќе бидат на едно место кај Крива Паланка

Веќе со недели, во Крива Паланка, но и многу пошироко, само расте возбудата пред годинешниот традиционален собир на снаи и свекрви, кој се одржува под покровителство на Општината.

Станува збор за 16-тото издание на манифестацијата „Невестинско поклонение на Свети Теодор Тирон“, кое ќе се одржи на 1 март (недела) во селото Конопница, каде ќе има дефиле на снаи облечени во традиционални носии, придружени од нивните свекрви. Но, таа привилегија и чест, како и секогаш, ќе ја имаат само снаите и свекрвите кои со овие „титули“ во семејната номенклатура се стекнале во изминатата година, поточно свадба правеле во периодот меѓу ланската и годинешната Тодорова сабота.

Манифестацијата, која е дел од нематеријалното културно наследство на регионот, ја организира РЗР „Патник“, а ја поддржуваат локалните културни институции.

„Невестинското поклонение“ годинава ќе има и благо меѓународен карактер, со најавеното учество на гости од Јабланичкиот Округ во Србија. Инаку, најавени се снаи и свекрви од Крива Паланка, Велес, Кочани и Скопје, а се очекуваат гости и од Пијанец.

Организаторите велат дека „посебна атракција“ ќе биде културно-уметничката програма со Андријана Алачки, која ќе ја придружува групата „Синтезис“, предводена од виртуозот на кавал, зурла и гајда, Гоце Димовски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот