Стотици американски судии донеле над 4.400 одлуки дека ИЦЕ на Трамп незаконски затвора мигранти
Со оглед на ограничените правни можности, притворените имигранти во САД поднеле над 20.200 федерални тужби за ослободување откако Доналд Трамп стапи на функцијата.
Стотици судии низ САД од октомври наваму донеле повеќе од 4.400 одлуки со кои утврдиле дека администрацијата на претседателот Доналд Трамп незаконски задржува имигранти во притвор, покажува преглед на судските записи на „Ројтерс“.
Препорачано
Овие одлуки претставуваат сеопфатен правен укор за имиграциската кампања на Трамп. Сепак, администрацијата продолжила да држи луѓе во притвор на неопределено време, и покрај тоа што судовите утврдиле дека политиката е незаконска.
„Скандалозно е што Владата инсистира овој суд да го редефинира или целосно да го игнорира важечкиот закон онака како што е јасно напишан“, напиша минатата недела федералниот судија Томас Џонстон од Западна Вирџинија, именуван од претседателот Џорџ В. Буш, наредувајќи ослободување на задржан Венецуелец во таа држава.
Повеќето од одлуките се однесуваат на отстапувањето на администрацијата на Трамп од речиси три децении старата интерпретација на федералниот закон според која имигрантите, што веќе живеат во САД, може да бидат пуштени со кауција додека ги водат своите постапки пред имиграцискиот суд.
Портпаролката на Белата куќа, Абигејл Џексон, изјави дека администрацијата „работи на законски начин да го спроведе мандатот на претседателот Трамп за спроведување на федералниот имиграциски закон“.
ВИДЕО | Федералните агенти убија човек на улица во Минеаполис – второ фатално пукање месецов
Нагло расте бројот на притворени мигранти
Под Трамп, бројот на луѓе во притвор на Имиграциската и царинската служба на САД (ИЦЕ) овој месец достигнал околу 68.000, што е пораст од околу 75 отсто во однос на периодот кога Трамп стапи на функцијата лани.
Конзервативен апелациски суд во Њу Орлеанс минатата недела ѝ даде победа на администрацијата на Трамп во напорите да затвора повеќе имигранти. Само зашто претходните администрации не го користеле во целост законот за задржување луѓе „не значи дека немале овластување да направат повеќе“, напиша федералната апелациска судијка Едит Џоунс во одлуката со која ги поништи пресудите што доведоа до ослободување на двајца мексикански државјани. И двајцата, според нивниот адвокат, и понатаму се на слобода.
ВИДЕО | Минеаполис: Нов инцидент со пукање од агент на ИЦЕ – повреден е венецуелски имигрант
Други апелациски судови во наредните недели треба да се изјаснат по ова прашање.
Портпаролката на Министерството за внатрешна безбедност, Триша Меклафлин, изјави дека порастот на тужбите „не е изненадување, особено откако многу судии се обидоа да го спречат претседателот Трамп да го исполни мандатот на американскиот народ за масовни депортации“.
Министерството не одговори на поконкретни прашања во врска со случаите и податоците наведени во овој текст.
ИЦЕ воведува електронски скенер за препознавање лица, причина плус за нов отпор на улиците
Притворените мигранти поднече над 20.000 тужби за ослободување
Со оглед на ограничените правни можности, притворените имигранти во САД поднеле над 20.200 федерални тужби за ослободување откако Трамп стапи на функцијата, покажува анализа на „Ројтерс“.
Во најмалку 4.421 случај, повеќе од 400 федерални судии од октомври наваму утврдиле дека Имиграциската и царинската служба незаконски задржувала луѓе во притвор во рамки на кампањата за масовни депортации. Дел од предметите сè уште се во тек или биле отфрлени поради ослободување или префрлање на притворениците во други судски окрузи.
Како пример, судовите наредиле ослободување на 18-годишниот Венецуелец Џозеф Томас и неговиот татко, баратели на азил приведени при сообраќајна контрола во Висконсин. Судиите утврдиле дека притворањето било незаконско и дека не постоеле докази за налог при приведувањето, а таткото имал право на рочиште за кауција. По настанот, младиот Томас продолжил со настава онлајн поради страв да се врати на училиште.
Бранoт тужби го преоптоварил Министерството за правда, кое пренасочува стотици обвинители кон имиграциски предмети, а судиите утврдиле и случаи во кои владата не ги спровела наредбите за ослободување. И покрај тоа, властите тврдат дека ги почитуваат судските одлуки и дека ја спроведуваат имиграциската политика согласно законот, додека активистите предупредуваат дека многу притворени лица немаат пристап до адвокати и правна заштита.
ВИДЕО | Објавена нова снимка пред убиството на Рене Гуд од камерата на агентот кој ја застрела


