Стопанската комора на Македонија одбележува 98 години постоење

Комората ќе им додели и награди на компаниите членки што биле најуспешни во 2019 година.

Целата енергија како држава да ја насочиме кон градење нова визија и дефинирање на идните развојни приоритети, базирани на поконкурентна економија и силни извозни капацитети, нови извозни компании и извозни производи што ќе бидат конкурентни на светските пазари.

Ова е пораката што ќе ја испрати денеска Стопанската комора на Македонија, која одбележува 98 години постоење.

По повод годишнината, Комората во соработка со Организацијата за економска соработка и развој (OEЦД) организира панел-дискусија на тема „Западен Балкан на глобалните пазари: Нови можности за трговска размена и инвестиции”. На панел-дискусијата ќе се обрати претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески, а најавени се и премиерот Оливер Спасовски, како и вицепремиерката за економски прашања Mила Царовска.

На одбележувањето 98 години постоење на кое ќе присуствуваат владини функционери и еминентни претставници на бизнис-заедницата, меѓународните организации и научната јавност, Комората ќе им додели и награди на компаниите членки што биле најуспешни во 2019 година.

Главното мото на Комората годинава е „Со членството моќни, во визијата истрајни”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот