Стоматолозите конечно ја решија дилемата: Дали треба да ги миете забите пред или по појадок

Фото: Профимедиа

Нема потреба да ве потсетуваме дека миењето на забите е од суштинско значење за нивното здравје, но и генерално, но дали знаевте дека не се препорачува премногу често да се прави оваа активност бидејќи може да ја оштетите забната глеѓ?

Ова е само една од работите за оралната хигиена која сè уште не е општопозната. Втората се однесува на вечната дилема: дали е подобро да се мијат забите пред или по појадок?

Повеќето луѓе имаат навика да ги мијат забите наутро и навечер. Некои од нив, меѓутоа, миењето заби го оставаат за по појадокот, верувајќи дека така најефикасно ќе се отстранат остатоците од храна од забите, додека други ги мијат забите веднаш штом ќе станат од кревет. Што велат експертите за ова прашање?

Ако ги прашате стоматолозите, тие ќе ви кажат дека секогаш е подобро да ги миете забите пред појадок. Имено, кога спиеме, бактериите во нашата уста се размножуваат. Тоа се истите бактерии кои го создаваат денталниот плак и го предизвикуваат лошиот здив. Ако ги измиеме забите пред појадок, околу нив ќе се создаде заштитен слој од флуорид, кој делумно ќе ги заштити од бактериите од храната што ќе ја консумираме за појадок, пишува „Брајт сајт“ (Bride sight).

Освен тоа, ако баш мора да ги миете забите по појадокот, стоматолозите препорачуваат тоа да го направите барем половина час подоцна, особено ако сте јаделе намирници со релативно висока содржина на киселина, како што се, на пример, тост, сок од портокал и кафе.

Освен тоа, со миење на забите наутро пред појадок, го покренувате производството на плунка. Едно истражување покажало дека по четкањето на забите на учесниците во студијата, дошло до скок во производството на плунка, што помага во разградување на храната и ги убива штетните бактерии во устата.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот