Стојковиќ: Незапамтена трагедија во Кочани, ќе предложам да се игра натпревар за поддршка и со хуманитарен карактер
Селекторот на српската фудбалска репрезентација Драган Стојковиќ ја започна својата прес-конференција во пресрет на квалификациите за Светското првенство против Австрија изразувајќи ја својата тага поради трагедијата во Македонија.
Препорачано
Најмалку 59 лица го загубија животот, а уште 155 се повредени во пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани.
Драган Стојковиќ во оваа прилика изрази сочувство до целиот народ на Македонија и до семејствата на загинатите.
– Пред да започнеме со конференцијата за претстојните натпревари, вчера се случи страшна несреќа. Незапамтена трагедија во Кочани, Македонија, сакам да изразам сочувство до народот на Македонија и семејствата на жртвите, навистина голема, голема трагедија.
Ќе предложам до Фудбалскиот сојуз на Србија да стапи во контакт со Фудбалската федерација на Македонија, во наредниот период, што се однесува до нашите репрезентации, да одиграме натпревар со нив и секако, сето тоа да има некаква поддршка и хуманитарен карактер. По нашите трагедии, уште една голема, но тоа е животот – рече Стојковиќ.


