Бојан Стојаноски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ / Фото: ,,Слободен печат'' / Драган Митрески

Стојаноски објаснува што сака ВМРО-ДПМНЕ да каже со полуизмените на Кривичниот законик

На Бојан Стојаноски, пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, вечерва му припадна незгодната задача да ги брани пред јавноста измените на Кривичниот законик кои ги предложи заедно со колегите. Предлогот, во кој се предвидени казни за функционерите далеку поблаги од оние пред измените на Кривичниот законик во 2023 година, дел од експертите го означија како спорен или дури контроверзен, со оглед на долгите најави за „враќање на измените во Кривичниот законик“ и критиките што ВМРО-ДПМНЕ ги упатуваше кон СДСМ и претходната власт за тие измени.

Во вечерашното гостување во „Тема на денот“ на „Сител“, Стојаности објаснуваше дека актиелните измени кои ги предлага ВМРО-ДПМНЕ „претставуваат преодно решение, произлезено од одлуката на Уставниот суд донесена во февруари оваа година, со која на Собранието му беше наложено до крајот на годината да го измени законот“.

Стојаноски вели дека во Министерството за правда е формирана работна група која интензивно работи на изработка на целосно нов Кривичен законик, усогласен со европските директиви и стандарди, чија примена се очекува во 2026 година.

Тој додаде дека пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднела предлог-измена со цел да се спречи поништување на одредби од Кривичниот законик, што би довело до целосна амнестија на активните судски предмети и би се создала сериозна правна празнина.

„Во државава во моментов има два процеса од аспект на Кривичен законик. Еден којшто се припрема во Министерството за правда и којшто е дел од Реформската агенда, тој ќе биде донесен 2026 година. И ова преодно решение што ние како група на пратеници го поднесовме за да спречиме амнестија на еден поголем дел на група на луѓе коишто сториле кривични дела под овие квалификативи, но и за да ја обезбедиме правната држава барем додека не го донесеме новиот КЗ“, истакна Стојаноски.

Се тресеше гората, се роди глушец – и ВМРО-ДПМНЕ „нежна“ кон функционерите-криминалци

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот