Стоилов: Доколку Врховниот судски совет не го смени Иван Гешев, тоа треба да го направи новиот парламент

фото Миа

  Привремениот бугарски министер за правда, Јанаки Стоилов, во коментар на бТВ изрази надеж дека членовите на Врховниот судски совет ќе покажат независност и ќе го сменат главниот обвинител Иван Гешев, но доколку Врховниот судски совет не го ослободи од функцијата пред предвидениот рок, новоизбраниот парламент на Бугарија ќе мора да го реши ова прашање.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, тоа може да го стори парламентарниот комитет за правни прашања или привремена, специјално назначена комисија, која со овластувањата на парламентот ќе ја истражува примената на законот од страна на Обвинителството и на борбата против криминалот.

Влијателниот правник и привремен министер се сврте и кон новите пратеници, барајќи од нив и тие да се занимаваат со ова прашање. Самиот парламент, според Стоилов, треба да му ги постави прашањата на Гешев, тој во разумен рок да изготви извештај и со него да се појави пред Народното Собрание.

И тука многу е важно да се сфати кој по кои стандарди се раководи, бидејќи покрај професионалните, од Главниот обвинител на Бугарија се бара да покаже и високи морални квалитети, коментира Стоилов

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот