Стоилковски: На ТОАРИЛУЦ нема лифтови, се оперира на сопствен ризик

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ наум Стоилковски Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Тој објаснува дека за делот КАРИЛ од 15-ти март има тендер од 2 милиони евра за санација, а не се создадени услови за да се почне со санацијата

Незапаметен хаос владее на Клиниката за хирургија, односно Универзитетската клиника ТОАРИЛУЦ, а ДУИ и СДС системски го уништуваат здравството до последен ден, обвинува ВМРО-ДПМНЕ.

– Цела недела 4 лифта не работат, ниту двата мали кај влезот, ниту двата кај трауматологија, па пациенти со скршеници, но и оние што одат на контрола или во посета, или треба да одат по скали или да се туркаат со оние лифтови кон операционите сали! –изјави Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој вели дека цела недела, од минатата сабота трае проблемот со системот односно цевководот за кислород до операциски сали, цела недела нема испитување што е, што мириса, дали е загадено, дали навистина има јаглерод диоксид.

– Во меѓувреме, со потпис со лична согласност, луѓе се оперираат на сопствен ризик!? Докази за тоа има во самата Клиника, неколку операции се извршени, дури и една врз дете. А, ако е се во ред, зошто тогаш нема план за операции за од понеделник? – прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Тој објаснува дека за делот КАРИЛ од 15-ти март има тендер од 2 милиони евра за санација, а не се создадени услови за да се почне со санацијата.

– Фирмата моли, со писма, ова е едно од тие писма испратено до министерството за здравство, да им се овозможи услови да почнат да работат! Писмото е од 14-ти мај и се уште нема ништо! Санацијата инаку би траела 3 месеци, а веќе трет месец не може да се почне да се работи на самата Клиника – вели Стоилковски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот