Стилот на штедливата Кејт Мидлтон сите сакаат да го копираат: Цветен фустан и чевли од кои не се одвојува веќе четврто лето! (ФОТО)

профимедиа

Војвотката од Кембриџ Кејт Мидлтон ја посети прекрасната крадина на Кралското друштво за холтикултура во англиското село Висли, со цел да го отвори фестивалот под назив „Back to Nature“.

профимедиа

Дел од градината го уреди таа и на отворањето одржа инспиративен говор.

профимедиа

„Не сум толку вешта со зеленилото како многумина од вас овде присутните, но со голема страст и желба ја креирав градината која децата и возрасните ќе ги инспирира на поврат во природата“, изјави Кејт.

профимедиа

Војвотката за оваа прилика се облече во согласност со локацијата – понесе едноставен памучен фустан со А крој со цветни дезени и појас кој го истакна нејзиното одлично обликувано тело.

профимедиа

Кога станува збор за обувките, Кејт повторно ги облече своите омилен чевли на платформа кои редовно ги носи веќе четврто лето.

профимедиа

Прв пат ги носеше на кралската турнеја во Индија во април 2016 година.

профимедиа

И покрај неодобрувањето на кралицата Елизабета, која инсистира членовите на кралското семејство да носат исклучително елегантни модели на обувки, војвоткаtа по којзнае кој пат ја избра удобноста и во друштво на децата помина еден прекрасен ден во градината полна со раскошни цвеќиња.

профимедиа
профимедиа

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот