Стигна првата реакција на Русија на одлуката на ЕУ да го забрани увозот на руска нафта

Фото: EPA-EFE/SERGEY DOLZHENKO

Откако синоќа претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел соопшти дека е постигнат договор за забрана за увоз на руска нафта во ЕУ, стигна и првата реакција од Русија.

Постојаниот претставник на Русија во меѓународните организации во Виена, Михаил Улјанов, се огласи на Твитер по соопштението на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

– Како што таа вчера со право рече, Русија ќе најде други увозници. Важно е да се напомене дека таа сега противречи на нејзината вчерашна изјава. Многу брзата промена на начинот на размислување укажува дека ЕУ не е во добра состојба – напиша Улјанов на Твитер, пренесува Гардијан.

ЕУ челниците така постигнаа договор за забрана на 90 отсто од увозот на нафта на Русијадо крајот на 2022 година.

Лидерите, исто така, се согласија да ја исклучат најголемата руска банка, Сбербанк, од системот SWIFT и да забранат три други руски државни телевизии, како и да ги санкционираат одговорните за воените злосторства во Украина.

Орбан ја обвини Европската комисија за неуспехот со ембаргото врз руската нафта

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот