Стела Имануел – жената зад недокажаното лекување на ковид-19: Омилената лекарка на Трамп верува во секс со демони, вонземска ДНК, илуминати!

Стела Имануел (55), лекарка од Тексас, чие тврдење за употребата на антималаричниот хидроксихлорокин за лекување на ковид-19 го објави и американскиот претседател Доналд Трамп, зад себе влече долга историја на верувања во разни теории на заговор.

Имануел се стекна со слава откако Трамп го сподели на Твитер нејзиното видео снимено во Вашингтон. И Доналд Трамп Помладиот беше импресиониран од нејзиниот говор. Во видеото – кое оттогаш е отстрането од Фејсбук, Јутјуб и Твитер – таа го промовираше дискредитираниот лек хидроксихлорокин. Таа ги нападна „лажните лекари“ што се сомневаат во ефикасноста на лекот, тврдејќи дека тој навистина лекува и рече дека не треба да се носат маски.

– Ако се појави некоја лажна наука и некој рече дека спровеле студии и покажале дека лекот не дејствува, јас категорично ви тврдам дека е лажна наука! Сакам да знам кој ја спровел студијата и кој стои зад неа. Бидејќи, јас лекував повеќе од 350 пациенти и никој не почина – вели, меѓу другото, Имануел.

Прочитајте и...  Русија насочена да му наштети на Бајден, Кина сака Трамп да загуби

Лекар, проповедник, воин

Имануел, која воедно е и водач и проповедник на мала црква сместена веднаш до нејзината клиника во Хјустон, е родена во Камерун, а медицина завршила во Нигерија. Лиценца за занимавање со медицина во Тексас добила во ноември, покажуваат официјалните податоци. Нигериската веб-страница ПМ њуз објавила дека Имануел работела и на педијатрија во Бронкс-Либан во Њујорк, но не прецизира кога. Се наведува и дека има дозволи за лекување во Тексас, Луизијана и во Кентаки.

На својата фејсбук-страница се опишува како: „Лекарка, писателка, говорник, претприемач, проповедник и Божјата воена секира и оружје за војна“. Во рубриката „верувања“ на нејзиниот веб-портал – кој во меѓувреме веќе не е достапен на интернет – се вели дека се против „невенчаните парови што живеат заедно, хомосексуалноста, ѕверствата, полигамијата и слично“. Имануел е и финансиска советничка или „тренер за пренос на богатството“ и верува „дека можете да бидете спасени, атрактивни и богати истовремено“.

Прочитајте и...  Првата дама на Македонија на отворањето на „Охридско лето“ во креација инспирирана од античкиот театар во Охрид

Една реченица гласи: „Нејзиниот став кон демонските сили може да се опише како немилосрден, воинка до крај“.

Контроверзни тврдења

Имануел ја основала црквата во 2002 година, а оттогаш одржува проповеди што ги напаѓаат прогресивните вредности и промовираат теории на заговор, вклучително „геј агенда, секуларен хуманизам, илуминати и демонскиот Нов светски поредок “.

Тврдела дека гинеколошките проблеми како циста, фиброза и ендометриоза, всушност, ги предизвикуваат луѓето кои во сон имаат секс со демони и вештерки. Таа тврди дека вонземска ДНК во моментот се користи во медицинските третмани, за што рекла: „Тие ги користат сите видови ДНК, дури и туѓа ДНК за лекување на луѓето“. Во проповедта од 2015 година изјавила дека илуминатите промовираат план осмислен од „вештерка“ за уништување на светот, користејќи ги абортусот, хомосексуалните бракови и детските играчки. Имануел тврди дека играчката „меџик 8-бол“ е, всушност, план за наведување на децата на магија. „Осмата топка беше топка на јасновидците“, рекла таа. Во друга проповед рекла дека научниците планираат да инсталираат микрочипови кај луѓето и да развијат „вакцина“ од која би било невозможно да се стане верник.

Прочитајте и...  Ева Лонгорија има 45 години, дете и тело од соништата: Актерката се пофали со фигурата (ФОТО)

Пронајдоа ген во нечиј ум, кој ве прави религиозни, па сега можат да ги вакцинираат луѓето против тоа – рекла Имануел.

Таа предупредила и дека серијата на каналот „Дизни“, „Хана Монтана“, ја отвора вратата на злото, бидејќи еден од ликовите има „алтер его“. Тврдела дека училиштата ги учат децата да медитираат за да „можат да се сретнат со демоните“. Лекарката го охрабрува и удирањето на децата. Имануел, мајка на три ќерки, своето „стадо“ го предупредила и дека хомосексуалниот брак значи дека „многу брзо луѓето ќе бараат свадба со децата“. Ги обвинила геј Американците дека практикуваат „хомосексуален тероризам“, а ја пофалила одлуката на еден татко да го отфрли и да не го сака својот трансродов син по неговата полова преобразба.

Прочитај повеќе

Поранешната Мис на Југославија има 57 години и изгледа феноменално! (ФОТО)

Слободен печат

Првата дама на Македонија на отворањето на „Охридско лето“ во креација инспирирана од античкиот театар во Охрид

Слободен печат

ГОЛЕМИ АНТИВЛАДИНИ ПРОТЕСТИ ВО БЕЈРЈУТ: Полицијата фрли солзавец врз демонстрантите (ВИДЕО)

Слободен печат

Погледнете ја сликата: Што прво забележувате на неа?

Слободен печат

Луксузни јахти вредни милиони евра: Новак ја нарекол по мајка му, Јариќ својата ја избирал со Адријана Лима, а луксузна јахта има и Саша Поповиќ…

Слободен печат

Стил на неделата: Славица Христова, кустос советник етнолог во Музеј на Град Скопје

Ј.К.Д

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Роби Вилијамс откри дека Камерон Дијаз е заслужна што се оженил: Не би рекла дека за вас дефинитивно е крај

Слободен печат

Асимптоматските пациенти се подеднакво заразни како и оние со симптоми!

Слободен печат

Барајте и скенирајте фискални сметки

Слободен Печат

Едноставен рецепт и за најнеискусните: Рижото со печурки

Слободен печат

Ханс Јорген од Шведска почна со работа на Инфективната клиника

Слободен Печат

Како се запознале принцезата Дајана и Мајкл Џексон: Не сакал да ја пее „Dirty Diana“ од почит кон Лејди Ди (ФОТО+ВИДЕО)

Слободен печат