Доналд Трамп и војните кои тој ги завршил според Стејт Департмент - Извор, Фејсбук

Стејт департментот објави: Трамп заврши осум војни за осум месеци, меѓу кои и Косово-Србија

На официјалната фејсбук-страница на американскиот Стејт департмент беше објавена фотографија со натпис „Претседател Трамп: Претседател на мирот“.

Имено, на неа, американскиот претседател беше претставен како лидер кој „завршил осум војни за осум месеци“.

Исто така, наведени се и земјите каде што Трамп наводно посредувал во прекинувањето на конфликтот.

Тоа се Камбоџа-Тајланд, Косово-Србија, Конго-Руанда, Пакистан-Индија, Израел и Иран, Ерменија-Азербејџан, Египет-Етиопија и Израел-Хамас, објави Нова.рс

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот