Стефоска: Соработка со Грција за реставрација на византиското наследство во Македонија

Министерката за култура Ирена Стефоска на својот ФБ профил сподели дека со грчка професионална помош ќе се раставрира дел од визанстиското културно наследство на македонска територија:

-Флора Карагиани, директорка на Европскиот центар за византиски и поствизантиски споменици и Мариа Мерзани, директорка на Управата за конзервација на антички и современи споменици од Република Грција, деновиве со директорите на заводите и музеи на Прилип и Битола, Благој Атанасовски и Мери Стојанова се запознаа со манастирот Трескавец, со св.Илија во с. Грнчари, со св.Ѓорги во Курбиново, беа на Хераклеја. Гостите, кои по средбата што ја имавме во Министерството за култура, во конструктивна атмосфера за брза конкретна соработка, продолжија и во Охрид каде што беа информирани за историјата и стручните активности во Галеријата на икони, Св.Перивлепта, во Св. Софија. Се очекува потпишување меморандум и конкретна соработка помеѓу двете пријателски земји со особен фокус на конзервација и реставрација на византиското наследство. Некои од заедничките проекти ќе може да почнат веќе оваа година, напиша министерката Стефоска на Фејсбук профилот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот