Статистиката не лаже: Кога нема пенал, Реал не победува
Новиот кикс на Реал Мадрид, овојпат во Памплона против Осасуна, повторно ја разгоре трката за врвот во Ла Лига и ѝ отвори врата на Барселона да се врати на првото место. По серијата од осум последователни победи со кои „кралевите“ ја анулираа негативата од четири бода и се искачија на лидерската позиција, сега ситуацијата повторно се комплицира. Каталонскиот гигант има идеална можност да ја искористи шансата, со оглед дека денеска на домашен терен го пречекува Леванте.
Препорачано
Но, она што особено паѓа в очи сезонава е необичната статистика поврзана со мадридскиот состав. Имено, бројките покажуваат дека Реал не знае за победа доколку на натпреварот не му биде досуден пенал. Вицешампионот на Шпанија има девет порази од почетокот на сезоната, а на ниту еден од тие мечеви не добил удар од белата точка. Дополнително, уште двапати се „спасил“ со реми, но не успеал да стигне до три бода. Вкупниот биланс на 11 средби без пенал во нивна корист изнесува 0 победи, 2 нерешени и дури 9 порази.
Меѓу натпреварите без најстрога казна се и дуелите против ПСЖ, Атлетико Мадрид, Ливерпул, Манчестер Сити, Селта, Барселона во Суперкупот, Албасете, Бенфика и Осасуна, како и реми средбите со Рајо Ваљекано и Елче на гостински терен. Парадоксално, во лигашката пресметка со Барселона, на Реал му беше досуден пенал, но Мбапе не успеа да го реализира, сепак, „кралевите“ славеа со 2-1.
ВИДЕО | Реал Мадрид поразен од Осасуна во Памплона, на потег е Барселона
Ко


