Стартната постава на 11 најскапи фудбалери на сите времиња

epa08604377 Lionel Messi of Barcelona in action during the UEFA Champions League quarter final match between Barcelona and Bayern Munich in Lisbon, Portugal, 14 August 2020. EPA-EFE/Rafael Marchante / POOL

Лионел Меси го привлече вниманието светската фудбалска јавност со својата намера да ја напушти Барселона и веќе се поврзува со трансфер во други врвни клубови.

Неговата откупна клаузула е дури 700 милиони евра, па така во продолжение можете да ја погледнете стартната постава на 11 фудбалери со највисока откупна клаузула.

Играчите се наоѓаат во формација 3-4-3, а верувале или не тие доаѓаат само од Реал Мадрид и Барселона.

Карим Бензема кој што ги брани боите на „кралскиот“ куб е официјално играч со најголема откупна клаузула на светот, а во неговиот договор стои дека слободата на Французинот може да се откупи за една милијарда евра.

Голман –
Тибо Куртоа (Реал Мадрид) 700 милиони евра

Одбрана –
Рафаел Варан (Реал Мадрид) 500 милиони евра
Самуел Умтити (Барселона) 500 милиони евра
Жерар Пике (Барселона) 500 милиони евра

Среден ред –
Иско (Реал Мадрид) 700 милиони евра
Лука Модриќ (Реал Мадрид) 750 милиони евра
Федерико Валверде (Реал Мадрид) 750 милиони евра
Асенсио (Реал Мадрид) 700 милиони евра

Напад –
Карим Бензема (Реал Мадрид) 1 милијарда евра
Лионел Меси (Барселона) 700 милиони евра
Антоан Гризман (Барселона) 800 милиони евра

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот