„Старата дама“ на летен шопинг, очекуваме изненадувања!

Во пресрет на новата сезона во која што Јуве секако ги има истите шампионски амбиции, а секако останува и големата желба конечно да се закити по подолго време со титулата во ЛШ.

Јувентус оваа недела ќе продава играчи, Моаз Кин би можел за 40 милиони евра да се пресели во премиерлигашот Евертон.

https://twitter.com/bottadiculoit/status/1155771112221040640

Се очекува да биде раскинет договорот со Кедира кој има понуда од Вулверхемптон, но и од Арсенал каде што повторно би соработувал со Озил.

Би го пуштиле за симболично обесштетување, со цел да задржи пари од неговиот договор. Истото важи и за Матуиди кој Сари не го гледа во тимот, а за неговите услуги се заинтересирани ПСЖ и Монако.

Перин е пред потпис со Астон Вила, се поздрави со соиграчите, а главна тема е и Гонзало Игуаин. Неговиот брат и агент се очекува да има состанок со Рома, а овие разговори се важни и за Џеко кој се поврзува со Интер.

И натаму не е јасно што ќе биде со Манџукиќ, можно е тој да остане. Во нападот би можел да се најде и Икарди, а Лукаку не е „реална“ опција.

Треба да се види и со Дибала, после одморот треба да разговара со челниците на италијанскиот шампион дали има намера да си оди или не.

Турчинот Демирал останува, се очекува да бидат продадени уште Кансело и Ругани, а желба е Дармијан од Манчестер јунајтед.

Даглас Кошта сигурно останува, а со заминувањата на Кедира и Матуиди, ќе се отвори уште едно место во средниот ред, се шпекулира за Иско, а на „радарот“ е и Ериксен од Тотенхем, па така во голем стил Сари би го завршил преодниот рок.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот