фото: EPA-EFE/KOCA SULEJMANOVIC

Стапи на сила новиот буџет на ЕУ: Хан го нарече „револуција“ – 1.800 милијарди евра и многу прашалници

На овој 1. јануари на сила стапи новиот седумгодишен буџет на Европската унија. Тоа по себе не би било интресно, но овојпат се е поинаку. Многу експерти тој финансиски пакет го сметаат за историски. Еве зошто?

Комесарот на ЕУ за буџетски прашања Јоханес Хан овој буџет во разговор за Дојче веле го нарекува „револуција“.

Износот од 1.800 милијарди евра далеку е најголема сума која некогаш се нашла во бриселската каса за период од седум наредни години.

Зошто со редовниот буџет од 1,100 милијарди тука се и 750 милијарди евра од „фондот за обнова“ на економиите кои се погодени од кризата во текот на пандемијата.

Не само во однос на расходите, имаше вистински пресврт, туку и во однос на приходите.

Тие дополнителни 750 милијарди евра не ги уплаќаат, како што досега, државите членики, туку за првпат Европската комисија самостојно се задолжува на финансискиот пазар.

Заедничките долгови се до избивањето на пандемиајта беа незамисливи за многу држави, па така и за германската канцеларка.

Но галопирачката економска криза Ангела Меркел ја присили да се предомисли.

Долговите во име на ЕУ наеднаш станаа одлично решение, пред се зошто на прв поглед во наредните седум години нема да чини речиси ништо, и нема да ги оптоварува националните буџети.

Нови извори на приходи за ЕУ

Тие долгови Унијата треба да ги отплати до 2058 година.

За таа цел Брисел планира воведува на нови даноци на пластика, финансиски трансакции, емисијата на штетните гасови како и нов еколошки данок на производи од трети земји.

Со овие данично овластувања воедно се јакне моќта на централата на ЕУ во Брисел. Така треба да се засили и влијанието на претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен зошто таа сега седи на огрмна вреќа пари.

Фондот за обнова Комисијата оптимистично го нарече „Следна генерација на ЕУ“.

Со тие пари би требало да се финансираат пред се инвестиции во склад со заштитата на климата и дигитализацијата на економијата.

„Со повеќе од една третина од тие средства ќе се финансира еврпскиот Зелен План. Тој Зелен план е стратегија за растот на Европа“, вети Фон дер Лајен во декември во говорот пред претприемачите.

Кој плаќа на крајот?

Долговите ќе ги отплаќа следната генерација во Европа, смета Франк Шоркоф, експерт за европско право од Универзитетот во Гетинген.

Тој во германскиот магазин Цицерон објасни дека отплатата на заемот до 2058 година ќе биде преку придонесите на членките и дека граѓаните на ЕУ „индиректно ќе ги плаќаат тие европски трошоци преку национални даноци“.

Шоркоф, исто така, гледа можен судир со пресудата на германскиот Уставен суд за границите на политиката за европска интеграција.

Можно е овој суд да утврди дека заедничките европски долгови и даноци ги надминуваат тие граници, посочува овој професор.

По долга блокада на Полска и Унгарија, европскиот буџет беше усвоен дури во средината на декември, па исплатата на првите транши од фондот за наплата ќе следи подоцна од планираното.

Земјите кои имаат огромна потреба од исплата, како што се Италија и Шпанија, го забрзаа процесот.

Но, Рим и Мадрид ќе мора да бидат трпеливи до средината на годината, изјави Августо Сантос Силва, министер за надворешни работи на Португалија, кој е претседател на ЕУ во првата половина на 2021 година.

„Се надеваме дека во првата половина од годинава ќе постигнеме чекори што ќе овозможат исплата на првите десет проценти од Фондот за помош”, изјави Силва за новинската агенција Луса.

Пред да бидат исплатени парите, 27-те парламенти на земјите-членки мора да го ратификуваат овој модел на финансирање.

Покрај тоа, сите земји мора да достават инвестициски планови кои покажуваат како тие се во согласност со еколошките барања во тие инвестиции.

Италија е нестрплива

Италија које е тешко погодена од пандемијата и која и претходно беше презадолжена, со посебна нестрпливост го чека паричниот подарок од Брисел.

Таа земја ќе добие најголем дел од колачот.

Дури 64 милијарди евра би требало да бидат вложени во италијанската економија и здравствениот систем.

Владејачката коалиција во Рим веќе со недели се расправа околу тоа како да ги распореди и искористи тие пари.

Малиот коалиционене партнер „Италија Вива“ се заканува дури со рушење на владата на Џузепе Конте.

Италија се уште не го предала планот за расходи кои би требало да го одобри Европската комисија.

Буџетот е историски зошто за првпат се условуваат исплатите со владеење на правото во некои членки на ЕУ.

Против овие услови жестоко се бунтуваа Полска и Унгарија, земји кои според мислењето на ЕУ и парламентот го поткопуваат владеењето на правото.

Сега, по договорот со тие две земји, во законот постои компромис кој, прво мора да го провери Судот на ЕУ.

Преземено од Дојче Веле

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот