Станиќ: За жал, повторно сме казнети поради наша невнимателност во одбраната
Македонска фудбалска репрезентација до 21 година забележа пораз од Италија (0:1) во Битола во квалификациите за Европското првенство.
Препорачано
Иако имавме играч повеќе уште од 35 минута, противниците постигнаа гол и заминаа со победа.
На прес-конференцијата по натпреварот, нашиот селектор Горан Станиќ ја даде својата анализа:
– Најпрво сакам да упатам благодарност до градот Битола за одличната организација. Италија е фаворит во групата и тоа е јасно. Почетокот на мечот ни беше тежок, слично како против Полска, преголем респект кон противникот. Подоцна се ослободивме и игравме многу подобро, дури имавме моменти кога бевме рамноправни или и поквалитетни од нив. За жал, повторно сме казнети од наша невнимателност во одбраната. Италијанците такви грешки не простуваат. Ние создадовме повеќе шанси, имавме удари, но недостасуваше реализација. Ако не постигнуваме голови, тогаш попусто е и целата тактичка подготовка. Се надевам дека играчите во своите клубови ќе добиваат доволно простор и ќе напредуваат, бидејќи во репрезентацијата нема многу време за работа – изјави Станиќ.
Македонската младинска селекција следните натпревари ќе ги одигра во октомври против Ерменија и Црна Гора.
ВИДЕО: Македонија и со фудбалер повеќе загуби од Италија во Битола


