ВИДЕО: Македонија и со фудбалер повеќе загуби од Италија во Битола
Младата фудбалска репрезентација на Македонија не успеа да го изненади фаворизираниот противник и покрај тоа што речиси цел натпревар играше со фудбалер повеќе, загубувајќи со 0-1 од селекцијата на Италија во натпревар кој е играше на стадионот „Петар Милошевски“ во Битола.
Препорачано
Избраниците на селекторот Горан Станиќ не го искористија тоа и што повеќе од еден час имаа фудбалер повеќе на теренот.
Италијанците од самиот старт го наметнаа темпото и доминираа на теренот, најчесто играјќи на половината на Македонија. Но, Гаштаров украде топка во 25. минута по грешка на Моруци и беше соборен при обидот да излезе сам пред противничкиот голман, судиите сосема заслужено предвреме го испратија во соблекувалната.
Само неколку минути подоцна Македонија имаше идеална можност да го отвори резултатот, но обидот на Трајков не заврши во мрежата.
Казната за промашувањето дојде во 35. минута, кога по прекин, топката заврши кај Маријанучи, фудбалер на Наполи, кој со прецизен волеј удар го матираше Василев и го постигна единствениот гол на мечот.
Во вториот дел, Македонија ја презеде иницијативата и се обиде да изедначи, но недостигаше конкретност во завршницата. Ова е втор пораз за македонските младинци откако во првото коло загубивме и од Полска на гости со 3-0.


