Стајлингот на Џенет Џексон од „Scream“ продаден на аукција за 125.000 долари

instagram

Предмети во сопственост на Џенет Џексон што ги носеше во музичкиот спот „Scream“ беа понудени на тридневна аукција организирана од аукциската куќа „Julien’s“

Од аукциската куќа велат дека нејзината црна кошула, долги кожени панталони и црните кожени чизми над глуждот биле продадени за 125.000 американски долари. Аукцијата наречена „Иконични богатства од легендарната кариера и животот на Џенет Џексон“ ќе трае заклучно со денес, недела, што воедно е 55-тиот роденден на пејачката.

Ѕвездата соработуваше со „Juilen’s Auctions“ за продажба на повеќе од 1.000 предмети од нејзината кариера и личните богатства. Аукцијата се одржа во живо во Беверли Хилс, Калифорнија и беше прикажана на веб-страницата на аукциската куќа.

Дел од приходите ќе бидат наменети за „Compassion International“, организација што им помага на децата да избегаат од сиромаштијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот