ССНМ: Медиумите во целост да ги исплаќаат додатоците за работа во недела

ССНМ и ЗНМ/Фото: МИА

По истекот на законскиот рок за исплата на јануарската плата, Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) доби пријави и поплаки од новинари и медиумски работници од повеќе медиуми во државата дека или не им биле исплатени законски утврдените додатоци на плата за работа во недела или им биле исплатени помалку пари.

Согласно измените на Законот за работни односи медиумските работници покрај правото на додаток на плата за работа во недела, имаат право и на користење на неделен одмор во наредните седум дена. Додатокот на плата за работа во недела изнесува најмалку 50% за секој час поминат на работа, доколку со закон и колективен договор не е утврден повисок износ на додатокот.

Ако висината на вашата нето плата е 21.000 денари со оглед дека сте пријавени на полно работно време/ 40 часа во неделата односно 8 часовно работно време висината на саатницата се добива на следниот начин. Во месеците со 31 ден сумата за еден час е 21.000 ден поделено со 168 часа = 125 денари. Овие работни часови законодавецот предвидел да се остварат во една работна седмица од понеделник до сабота. Работа во недела за медимските работници е предвидена во законот за работни односи и за секој работен час – НЕЗАВИСНО од одработените часови преку работната седмица пресметката ќе изгледа вака. 125 ден за час плус 50 % или пластично 8 по 125 = 1000 плус 50% = 1.500 денари кои треба да ги имате на плата.

Потсетуваме и дека луѓето кои се со нетипични вработувања ( хонорарци,договор на дело) да не се ангажираат за работаво недела и на празници. Доколу се ангажираат нехумано и крајно неморално е да не им биде платен надоместок само затоа што немаат привилегија да бидат во постојан работен однос.

На работодавачите кои ќе го прекршат законот, им се забранува работа од 15 дена и им се издава прекршочен платен налог. Ако работодавачот го повтори истиот прекршок во рок од една година, забраната за работа ќе биде 30 дена. Во периодите на забрана за работа, работодавачот ќе има обврска на работниците да им исплаќа надоместок на плата во висина на платата исплатена претходниот месец и притоа, не смее да го намали бројот на вработените.

Повторуваме дека со оглед на тоа дека медиумите мора да работата непрекинато, праксата на кршењето на работничките права од страна на работодавачите и кратење на придонесите кои уредно се предвидени со закони мора да прекине.

Истовремено ги повикуваме работодавачите во медиумите да направат соодветна реорганизација на тимовите за работа во недела, а не да се водат пред се од идејата да заштедат некоја дневница, бидејќи со тоа се намалува квалитетот на новинарскиот производ и се губи довербата во новинарството и во медиумите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот