ССМ најави генерален штрајк од 22 јуни

Фото: Јутјуб/принтскрин

Доколку до 21 јуни не се исполнат барањата на ССМ, Сојузот најавува генерален штрајк кој ќе започне на 22 јуни.

– Претседателството на Сојузот на синдикати на Македонија донесе одлука за повикување и поведување на генерален штрајк во јавниот сектор доколку не се исполнат барањата за потпишување на општиот колективен договор каде што ќе се утврди линеарно зголемување од 2.806 денари за сите работници во јавниот сектор и враќање на изгубеното право на регрес од 2023 година во износ од 30 до 100 проценти од просечната плата во државата. Доколу овие барања не се исполнат до 21 јуни, на 22 јуни ССМ таму каде што е синдикално организиран, ќе ги повика сите членови но и останати незадоволни работници да ги прекинат работните процеси и да изразат големо незадоволство, односно да направиме генерален штрајк, рече претседателот на ССМ Дарко Димовски.

Тој потсети дека согласно Законот за минимални плати, со порастот на минималната плата треба да се усогласат сите останати плати.

– Ние сме оптимисти и очекуваме нашиот социјален партнер, Владата, сериозно да ја сфати работата бидејќи ССМ ова го бараше уште од први мај на што беше реагирано дека исполнување на барањето може да се случи само со ребаланс на Буџетот и со утврдување на паричните средства во законот за извршување на Буџет. Износот кој го бараме не е голем туку солидарен за да се издржат ценовните шокови настанати поради инфлацијата, додаде Димовски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот