Фото: EPA/CHRISTOPHER NEUNDORF

Српските ракометарки со голем пресврт до триумф против Шпанија на Мундијалот

Женската ракометна репрезентација на Србија денеска ја совлада шпанската репрезентација со 31:29 во првиот натпревар од втората фаза на Светското првенство.

Тимот предводен од Хозе Игнасио Прадес Понс го постигна триумфот по одличниот камбек откако губеше со шест гола – 26:20 и пресврт за кој само ќе се зборува. Дури ни црвениот картон и негатива од шест гола не ја спречија Србија од голем пресврт, а со тоа и победа што ја доближи значително до феноменален пласман во нокаут фазата на Светското првенство.

По доброто и прилично изедначено прво полувреме, српската репрезентација влезе во криза во првите 10 минути од натпреварот. Промашија два големи зицери и останаа без голови во тој период од натпреварот, што шпанската репрезентација го искористи.

Сепак, во последните 15 минути се случи можеби најдобриот налет на српските ракометарки на овој турнир. Тие ја пронајдоа мрежата на противникот и почнаа да постигнуваат голови – но и одлични одбрани. Прво, избраничките на тренерот Прадес ја намалија негативата на три гола, а набргу потоа стигнаа до неочекувано, но извонредно водство од 29:28. Немаше да стигнат до таму без одличните одбрани на Јована Рисовиќ, која „крена ѕид“ пред својот гол во последните пет минути.

Имаше тешкотии во играта на Србија. Имено, Јововиќ доби црвен картон на три минути до крајот, поради што Србија мораше да го заврши натпреварот со играч помалку. Во тој момент, на паркетот недостасуваа две репрезентативки, бидејќи во тој момент Величковиќ отслужуваше казна од две минути. Но, и покрај сето успеаја на крајот да остварат значаен триумф.

Најефикасна играчка за српската репрезентација беше Јована Јововиќ со седум гола, додека Јована Скробиќ, Катарина Крпеж-Шлезак и Александра Вукајловиќ додадоа по пет гола. За Шпанија, најефикасна беше Данила Со Делгадо со 11 гола.

Српската ракометна репрезентација ќе игра против Фарските Острови во следното коло, додека Шпанија ќе се соочи со Исланд.

Светско првенство 2025, ракомет (жени)

Група 2
Денеска, вторник

Шпанија – Србија 29:21

18.00 часот
Исланд – Црна Гора

20.30 часот
Германија – Фарски Острови

Табела: Германија 4 бодови, Србија 4, Шпанија 2, Црна Гора 2, Фарски Острови 2, Исланд 0.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот