Српскиот пејач поради корона не излегува од дома: Погледнете ја неговата лускузна вила од половина милион евра! (ВИДЕО)

Фото: Инстаграм

Популарниот српски пејач Миле Китиќ поради коронавирусот не излегува од својот дом каде живее со сопругата, пејачката Марта Савиќ и ќерката која тргна по нивните стапки, Елена Китиќ.

Семејството Китиќ ужива во куќа, која според пишувањата на медиумите вреди околу 550.000 евра. Луксузниот имот поседува огромен гардеробер, големо купатило, билијард сала, базен, теретана… Марта во една прилика изјавила дека семејната куќа ја направила по свој вкус.

Секој член на семејството има свој спрат, а поред базенот надвор, постои вазен и внатре во куќата.

Во нивниот дом се наоѓаат и многу скулптури и фигури, а на ѕидовите доминираат уметничките дела кои се вклопени во ентериерот на луксузната вила.

Откако се појави информацијата дека Миле е уапсен заедно со колегата Џани во еден хотел во Белград, бидејќи за време на епидемија биле повеќе луѓе отколку што било дозволено, пејачот ја демантираше оваа информација со образложение дека со денови не излегува од дома.

– Од 11 март не сум излегол од дома. Ќерка ми ј јас вежбаме, се дружиме. Има една продавница во близина на мојата куќа, а сопственичката на таа продавница доаѓа до нашата куќа и ни носи тоа што треба – рекол Миле.

Погледнете како изгледа нивната семејна куќа во Белград:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот