Српски џудист доби суспензија на пет месеци затоа што се прекрстил на Олимписките игри во Париз
Српскиот џудист Немања Мајдов се најде во центарот на вниманието поради одлуката да биде суспендиран на пет месеци затоа што се прекрстил пред борба на Олимписките игри.
Ваквата одлука предизвика бурни реакции, а Мајдов на социјалните мрежи го објави мејлот кој стигна на адреса на Џудо сојзуот на Србија.
„Драг господина Мајдов, во текот на петтиот ден на Олимписките игри во Париз на 31 јули 2024 година покажавте јасен религиски знак кога влегувавте во борилиштето за мечот со господинот Теодорес Целидис (Грција) во рамки од осминафиналето во категторијата до 90 килограми. Правилникот на Светската џудо федерација покажува дека има основа за казна бидејќи не смее да се покажува никаков предмет или религиско движење пред, во текот или на крајот од борбата“, стои во дописот до Мајдов.
Сепак, ова се случи на Олимписките игри каде што бевме сведоци дека многу спортисти од различни земји јавно искажуваа верски пораки. Го видовме и прекрстувањето на неговиот сонародник, Новак Ѓоковиќ по освојувањето на златото.
Според таквата ситуација изгледа дека Џудо федерацијата била единствена која своите правила ги спроведува и за време на Олимписките игри, па затоа Мајдов е казнет.